За нас

4U Pharma GMBG група

Главната канцеларија на 4U Pharma се наоѓа во Швајцарија.

Таа е одговорна за финансиските инвестиции, технички, технолошки и медицински развој на производите и контрола на финансиското работење на компанијата.

Производите на 4U Pharma се регистрирани и се продаваат во дванаесет земји во Европа.

На одредени пазари регистрирани се претставништва, кои се во сопственост на швајцарската компанија, додека, пак, на останатите пазари 4U Pharma работи преку своите партнери.

На сите пазари на кои моментално работиме преку нашите компании или кај партнерите (дистрибутерите) вработени се претставници на 4U Pharma.

Производствените погони за нашите производи се наоѓаат во земјите на Европската Унија. Исто така, по еден производствен погон се наоѓа во Израел и Јужна Кореја.

4U Pharma GMBH – За нас

4U Pharma е швајцарска компанија, посветена да ги направи најквалитетните производи достапни и да ги приспособи на потребите на нашите семејства и нашите деца.

Нашите производи се премиум производи во својата категорија, со висок квалитет, потполно безбедни за примена кај нашите најмлади и најчувствителни пациенти-новороденчиња и доенчиња!

Она што е уште поважно – тие имаат цел.

Во сите земји во кои работиме сме кредибилен партнер на националните здруженија на педијатри и здруженија на неонатолози, и соработуваме на заеднички проекти со една цел – да обезбедиме благосостојба за нашите деца.

Препознатливи како партнери од доверба, производите на 4U Pharma во сите земји се препорачани од страна на здруженијата и релевантните државни институции, како што е Министерството за здравство. Исто така, во поголем број држави производите се влезени во националните препораки на здруженијата на неонатолози, педијатри, Министерството за здравство како и експертските групи.

Квалитет и производствени погони

4U Pharma е свесна колку се чувствителни корисниците на нејзините производи во најраниот период од животот и во производството не прави никакви компромиси во квалитетот на суровините кои се користат во производството.

Со закон се пропишани посебни, построги побарувања за квалитетот на производите за новороденчиња, а квалитетот на нашите производи е потврден со сертификат за квалитет од акредитирана лабораторија на Европската Унија, како и дополнителни контроли од националните лаборатории во земјите во кои работиме. Сертификатот за квалитет ја следи секоја произведена серија на производи при увоз во земјата за која е наменет.

Производствените погони работат по највисоките стандарди за квалитет кои ги пропишува Европската Унија и во согласност со тоа вршат контрола на сите влезни материјали и суровини, процесна контрола во текот на производството и контрола на готовиот производ.

Производите се произведуваат во погони кои се регистрирани и сертифицирани во согласност со сите стандарди пропишани од страна на Европската Унија. Сертификатите се доставуваат во надлежните институции и без нив не се можни регистрација и увоз во која било земја.

Наша идеологија

Нашата цел е да креираме и понудиме најквалитетни природни производи за деца и семејства, користејќи ја експертизата и знаењето на медицинатаи хербалната наука, признатите светски научници кои учествуваат во процесот на креирање и развој на производите, напредните и иновативни производствени технологии, користењето на состојки од највисок квалитет и, конечно, тестирање на производот во секоја фаза преку клинички студии, со што би ја потврдиле ефикасноста во превенцијата и лечењето на многу заболувања.

Природата и развојот е она на што е посветена 4U Pharma.

Ние длабоко веруваме дека сето она што ни е потребно на нас како храна или лек, расте и може да се пронајде во нашето природно опкружување(во природата).

Сакаме да ги едуцираме нашите корисници за потенцијалот на природата во служба на медицината, здравите навики во исхраната како предуслов за здрав живот.

Наша мисија е да воспоставиме соработка со сите релевантни фактори кои влијаат на развојот на децата – од родителите, семејствата и пријателите, до здравствените експерти и педагози.

4U Pharma го разбира значењето на физичкиот и социјалниот развој, когнитивните и емоционалните вештини во најраното детство, кои претставуваат предуслов за квалитетен живот во поодминатите години.

Ние постоиме за да ги градиме темелите на детството како предуслов за среќа во поодминатите години.

4U Pharma верува дека нашата заедничка љубов, грижа и знаење на целата заедница, креира здрав развој и среќа на децата.

Ја делиме идејата на Нелсон Мандела преку оваа мисла:

„Едукацијата е најмоќното оружје кое можеме да го користиме за да го промениме светот на подобро“

4U Pharma донира 10 % од годишниот профит од официјално пријавениот биланс на компанијата, кој се поднесува до националните финансиски институции, за друштвено општествено вредни проекти кои се насочени за едукација на луѓето во разни области на дејствување.

Длабоко веруваме дека преку едукација можеме да направиме среќни, здрави и задоволни луѓе со позитивен пристап кон животот, исполнет со цел и смисла.

Процесот на аплицирање за овие фондови е многу лесен со следните барања:

Датум за аплицирање:

Електронска пошта