DHA омега-3 масни киселини од раѓање – превенција за алергиски заболувања

Честата појава на алергиските заболувања расте ширум светот. Секое трето дете на возраст помеѓу 3 и 5 години има симптоми на некои од алергиските болести: алергија на храна, егзема (атописки дерматитис), астма или алергиски ринитис.

DHA омега-3 масни киселини од раѓање – превенција за алергиски заболувања

Атопискиот дерматитис многу често и претходи на појавата на астма или алергиски ринитис. Додека алергискиот ринитис се јавува порано во детството, може да се каже дека е тоа ризик фактор за појава на астма, покрај дополнителните фактори – родители кои имаат астма или други алергиски болести и раната изложеност на чад од цигари.

Самиот факт дека живееме во современ свет и дека нашите деца (исто како и ние) не живеат, а не се ни хранат ни приближно слично како некои претходни генерации, отвара различни прашања за родителите кои се однесуваат на зачестеноста на појава на алергија кај децата.

Многу значајни супстанци одговорни за правилен раст и развој кај децата се омега-3 масните киселини.

Идеалниот сооднос за внес на омега-3 и омега-6 масните киселини е 1:1. Поради промените во навиките за исхрана кои ги наметна индустријализацијата, поголемиот внес на масла од растително потекло, житарици и месо, дојде до намален внес на омега-3 масни киселини, што може да доведе до развој на многу заболувања.

Од времето кога луѓето се занимаваа со лов и риболов и кога соодносот за внес на омега-3 и омега-6 масни киселини било 1:1,преку периодот кога доминирало земјоделството (1:4), дојдовме до индустрискиот период и до однос од 1:20 во корист на омега-6 масни киселини. Причината за тоа е современиот начин на исхрана кој на децата не им обезбедува балансиран внес на сите хранливи материи.

Рана примена на DHA омега-3 масни киселини го редуцира ризикот за појава на алергии

Во рамки на студиите кои го истражуваат влијанието на раната исхрана на појавата на алергиски манифестации и вообичаени респираторни болести, на бебињата им е вклучена суплементација со DHA омега-3 масни киселини од првата недела од животот. Бебињата секојдневно добивале DHA омега-3 масни киселини во текот на целата прва година од животот.

Студијата покажала дека DHA омега-3 масните киселини ја  редуцирале зачестеноста за појава на инфекции на горните респираторни патишта и вообичаените алергиски болести, вклучувајќи и астма, во споредба со бебињата кои се хранети без суплементација од DHA омега-3 масни киселини. Исто така, бебињата кои добивале DHA омега-3 масни киселини во текот на првата година од животот, многу поретко посетувале педијатар поради болест во текот на првите три години од животот.

Препораки на Здружението на педијатри на Србија

Новороденчињата и доенчињата кај кои не е остварено надополнувањето кое одговара со DHA омега-3 масни киселини по пат на мајчино млеко, а се исклучиво на природна исхрана, или се претежно на природна исхрана (мешана исхрана со преку 50% мајчино млеко во вкупен дневен внес на млеко) – се препорачува дневно надополнување од 100 mg DHA омега-3 масни киселини.

https://www.meadjohnson.com/pediatrics/us-en/sites/hcp-usa/files/PIIS002234761000003X.pdf

Вести