Што е фарингитис и како се лекува?

Фарингитис е многу често заболување кај деца, посебно кај мали деца со предшколска возраст. Дознајте што е фарингитис и како се лекува.

Што е фарингитис и како се лекува?

Фарингитис е едно од најчестите инфективни заболувања. Децата кои поминуваат време во колектив, каде болестите се лесно преносливи од болно на здраво дете, се посебно подложни. Но, што е всушност фарингитис?

Фарингитис е воспаление на слузницата на ждрелото. Го предизвикуваат различни микроби. Може да биде вирусен или бактериски. Бактерискиот мора да се лекува со антибиотска терапија.

Вирусен фарингитис

Сепак, вирусите многу често предизвикуваат инфекција на горните дишни патишта. Како што покажаа истражувањата, дури 85% од таквите инфекции се предизвикани од вируси, а не бактерии.

Покрај тоа, европското истражување за потрошувачка на антибиотици (ESAC Проект) покажува дека 80% од сите антибиотици се даваат за лекување на горни респираторни патишта, што значи дека околу 65% од сите антибиотици се препишуваат за вирусна инфекција.

Најзначајни вирусни предизвикатели на фарингитис се риновируси, аденовируси, херпес симплекс вируси, параинфлуенца, инфлуенца и корона вируси.

Вообичаени симптоми на фарингитис кај деца се гребење и болка во грлото, губење апетит. Вообичаено се јавуваат во комбинација со други симптоми на вирусни респираторни инфекции – кашлица, кивање и покачена температура.

Дијагноза и лекување

Поставувањето на вистинската дијагноза е многу важно, посебно утврдувањето на причинителите на инфекцијата, односно дали е фарингитисот вирусен или бактериски. Понекогаш клиничкиот резултат не е доволен, па се неопходни и биохемиски анализи и брис од грло.

Правилната дијагноза овозможува избегнување на непотребна употреба на антибиотик. Доколку лекарот утврди дека е фарингитисот со вирусно потекло, се препорачува одмор и мирување, зголемен внес на течности и примена на природни препарати чие дејство на вирусите е клинички докажано.

Viranto Forte е природен производ наменети за терапија на вирусни инфекции на горните респираторни патишта. Клинички е докажано дека ефикасно дејствуваат и кај фарингитис. Поради тоа што е докажано дека покажуваат моќно антивирално дејство пред да влезе вирусот во клетката, така што го блокираат врзувањето на вирусот за рецепторите на клетката, се препорачува што по рана примена, најдобро во првите два часа од појавата на симптомите на инфекција.

https://www.ecdc.europa.eu/en/about-us/partnerships-and-networks/disease-and-laboratory-networks/esac-net-about

Вести