Суплементација со DHA омега-3 масни киселини и витамин D3 од рано детство го намалува ризикот за појава на алергија

Бебињата кои секојдневно добиваат DHA омега-3 масни киселини во комбинација со витамин D во текот на првата година од животот, се поздрави во текот на растењето.

Суплементација со DHA омега-3 масни киселини и витамин D3 од рано детство го намалува ризикот за појава на алергија

Како што покажуваат студиите, примената на DHA омега-3 масни киселини го намалуваат ризикот од инфекции на горните респираторни патишта и вообичаените алергиски болести, вклучувајќи и астма. Витамин D3 придонесува за правилен раст и развој на коските и забчињата, но и добар имунитет и одбрана од болести.

Секое трето дете има алергија

Испитувањата покажуваат дека денеска во светот секое трето дете на возраст помеѓу 3 и 5 години има симптоми на некои од алергиските болести – алергија на храна, егзема (атописки дерматитис), астма или алергиски ринитис.

Промената на начинот на живот која подразбира и промени во исхраната со се поголемо конзумирање на индустриски преработена храна, доведе до тоа децата да не ги внесуваат сите потребни хранливи материи кои би требало да ги внесат. Тоа понатаму доведува до дисбаланс на хранливите материи во детскиот организам, што може негативно да влијае на здравиот раст и развој, но да доведе до појава и на здравствени проблеми.

Недоволниот внес на храна која е богата со омега-3 масни киселини доведе до дисбаланс на овие масни киселини во однос со омега-6 масни киселини. И додека нивниот идеален однос во организмот би требало да биде 1:1, поради променетиот начин на исхрана тие се наоѓаат во однос 1:20 во корист на омега-6.

Недостаток на омега-3 и појава на алергија

Како што покажа една корејска студија, во која се испитувани сите атописки болести (атописки дерматитис, алергиски ринитис, астма или комбинација од сите овие состојби), а во која биле вклучени деца со старост од 4 до 6 години, концентрацијата на омега-3 масни киселини во мембраната на црвените крвни зрнца била значајно помала кај децата кои имале атописки болести. Концентрацијата со омега-6 масни киселини била значајно зголемена.

Понатамошниот тек на студијата довел до заклучок дека омега-3 статусот во мембраната на црвените крвни зрнца има значајно влијание на појавата и тежината на атописките болести кај деца.

Токму недостатокот на овој есенцијален нутритиент во организмот се одразува како на појавата, така и на тежината на болеста.

Спречување на појава на алергиски болести кај деца

Резултатите од анализираните истражувања покажуваат дека земањето додаток во исхраната кој содржи омега-3 масни киселини од морско потекло во текот на бременоста и/или доење има влијание на спречување на појава на алергиски болести кај деца.

Дојдено е и до заклучок дека е намален бројот на забележани случаи на алергија на детска храна во текот на првата година на детето, како и помала зачестеност на егзема кај деца со висок ризик од алергија, а кои ги родиле жени кои користеле суплементација со омега-3 масни киселини.

Препорака на педијатрите од Европа

Врз основа на препораките на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), неонатолози и педијатри во Европа и во нашиот регион, се препорачува суплементација од 100 mg DHA омега-3 масни киселини дневно, од самото раѓање до навршување на 2 години.

Babytol D3 + DHA Omega содржи 100% препорачана доза DHA омега-3 масни киселини од 100 mg и 100% препорачана доза витамин D3 од 400 ИЕ.

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5537898/
https://www.meadjohnson.com/pediatrics/us-en/sites/hcp-usa/files/PIIS002234761000003X.pdf
http://Hwang I et al., n-3 Polyunsaturated Fatty Acids and Atopy in Korean Preschoolers, Lipids (2007) 42:345–349
https://www.cochranelibrary.com/cdsr/doi/10.1002/14651858.CD010085.pub2/full/hr

Вести