Како што се
претпоставува, причина за тоа е промена на начинот на исхрана. Децата се
помалку се хранат со природни намирници, додека индустриските се секојдневно
присутни во скоро секој оброк. Поради тоа е изменет и балансот на внесување на
многу значајни нутритиенти.
Идеалниот
однос на внес на омега-3 и омега-6 масни киселини е 1:1. Поради промените на навиките во исхраната која е наметната од
индустријализацијата, поголемиот внес на растителни масла, житарици и месо,
доведе до намален внес на омега-3 масни киселини, што може да предизвика развој
на многу заболувања.
Од периодот кога
луѓето се занимавале со лов и риболов и кога внесот на омега-3 и омега-6 масни
киселини бил 1:1, преку периодот во кој доминирало
земјоделието (1:4), дојдовме до индустриски период и однос
од 1:20 во корист на омега-6 масните киселини.
Намалениот внес
на омега-3 масни киселини го нарушува балансот, што доведува до зголемување на
активноста на воспалителни фактори во организмот, по што се зголемува ризикот
за развој на дебелеење и кардиоваскуларни заболувања, покажуваат студиите.
Поради нарушениот баланс на омега-3 и омега-6 масни киселини, со
современиот начин на исхрана, Европската агенција за храна препорачува
суплементација 100 mg DHA omega-3 масни киселини дневно, од самото раѓање до навршување на
втората година. Од третата година на децата се препорачува дневно надополнување од 250 mg DHA + EPA Omega -3
Покажано е дека дневниот внес од 100 mg DHA омега-3 масни киселини од самото раѓање, а потоа 250 mg EPA + DHA од втората година го намалува ризикот за појава од дебелеење и кардиоваскуларни заболувања во повозрасната доба.
https://www.statista.com/chart/17839/childhood-obesity-rates-europe-who/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/26950145/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3210336/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4153275/