Препорака за суплементација со DHA омега-3 масни киселини од самото раѓање – зошто е неопходна?

Неонатолозите и педијатрите во регионот врз основа на препораката на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), препорачуваат суплементација од 100 mg DHA омега-3 масни киселини дневно, од самото раѓање до навршување 2 (две) години.

Препорака за суплементација со DHA омега-3 масни киселини од самото раѓање – зошто е неопходна?

Сигурно сте слушнале дека DHA омега-3 масните киселини се многу значајни. Но, дали сте знаеле дека DHA е од пресудно значење во процесите кои се случуваат во текот на растот на детето, особено во текот на првите неколку години?

Секојдневниот внес од 100 mg DHA омега-3 масни киселини од самото раѓање, освен што го потпомага здравиот раст и развој, го намалува и ризикот за појава на различни заболувања во текот на растењето и во подоцната животна доба, покажаа студиите.

DHA омега-3 масни киселини – за правилен развој на мозокот на бебето

Најбрзиот развој и раст на мозокот на детето се случува во периодот кој го опфаќа последното тримесечие од бременоста и трае се до втората година од животот. Всушност, во текот на првата година од животот бебешкиот мозок расте за 175%.

Првата бебешка насмевка, првиот контролиран чекор, завртување, кикотење… за се е тоа заслужен мозокот и неговиот интензивен развој.

Околу 12-15% од севкупната количина DHA омега-3 масни киселини во целиот организам се наоѓа во сивата маса на мозокот. Поради тоа DHA омега-3 масните киселини се многу значајни за развој на мозокот, когнитивните и менталните функции, учење, концентрација, внимание и памтење како и сеопфатниот развој во текот на целото растење.

Новороденчињата и доенчињата кај не добиваат доволно DHA омега-3 масни киселини по пат на мајчино млеко, а се исклучиво на природна исхрана или се претежно на природна исхрана ( мешовита исхрана со повеќе од 50% мајчино млеко од вкупниот дневен внес на млеко) – се препорачува секојдневно надополнување од 100 mg DHA омега-3 масни киселини.

DHA – За развој на окото и функциите на видот

Окото е сложен орган на чиј развој влијаат многу фактори. Тие фактори можат да дојдат од надворешната средина, но можат да бидат и внатрешни, односно да се однесуваат на снабденоста на бебешкиот организам со хранливи материи.

Многу важни хранливи материи кога е во прашање нормалниот развој на видот, острината на видот и функциите на окото се омега-3 DHA масните киселини.

Мрежницата на окото (ретината) е составена од нервни ткива. Тоа е најдлабокиот слој во човечкото око, кој е фотосензитивен. Мрежницата реагира на зраци на светлина кои влегуваат во окото и нејзината улога во системот на видот е од исклучителна важност. Сите влезни светлосни зраци кои се собираат во мрежницата, се трансформираат и пренесуваат преку оптичкиот нерв до мозокот, кој тој импулс го претвара во слика.

Овој единствен слој на окото се состои од десет слоеви. Еден од нив се фоторецепторите. Токму DHA , омега-3 масните киселини се едни од главните градливи материи на фоторецепторите (35-50%).

Снабдувањето со DHA омега-3 масните киселини е исклучително важно во текот на првата година од животот, во периодот на бурниот развој, за нормален развој на видот, острината на видот и функциите на окото.

DHA за превенција на болести

Како што покажаа студиите, намалениот внес на омега-3 масни киселини го нарушува балансот на омега-3 и омега-6 масните киселини, што доведува до зголемено дејство на воспалителните фактори во организмот, по што се зголемува ризикот за развој на дебелеење и кардиоваскуларни заболувања, покажуваат студиите.

Поради нарушениот баланс на омега-3 и омега-6, со современиот начин на исхрана, Европската агенција за храна препорачува суплементација од 100 mg DHA омега-3 масни киселини дневно, од самото раѓање до навршување 2 (две) години.

Покажано е дека дневниот внес од 100 mg DHA омега-3 масни киселини од самото раѓање, а потоа 250 mg EPA + DHA по втората година го намалува ризикот за појава на дебелеење и кардиоваскуларни заболувања во подоцната животна доба.

Примената на DHA омега-3 масни киселини од раѓање намалува ризик за појава на алергиски болести, покажа студијата. Секојдневната суплементација ја редуцира зачестеноста од појавата на инфекции на горните респираторни патишта и вообичаените алергиски болести, вклучувајќи и астма, но го намалува и бројот на посети на педијатар поради болести во текот на првите три години од животот.

Вез основа на сите наведени предности за здравјето на децата, Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во согласност со тоа европските педијатри и неонатолози, препорачуваат суплементација од 100 mg DHA омега-3 масни киселини дневно, од самото раѓање.

https://www.statista.com/chart/17839/childhood-obesity-rates-europe-who/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/26950145/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3210336/
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4153275/ 
http://Hwang I et al., n-3 Polyunsaturated Fatty Acids and Atopy in Korean Preschoolers, Lipids (2007) 42:345–349
https://www.cochranelibrary.com/cdsr/doi/10.1002/14651858.CD010085.pub2/full/hr

Вести