Пеларгониум – природно дејство врз бактериите

Пред да почне традиционално да се користи за лекување на кашлица, настинка, иритација на горниот респираторен систем и други болести, пеларгониумот векови наназад се користел во својата оригинална форма во Африка како состојка на многу природни лекови. Дознајте за антибактериските дејства на Пеларгониумот.

Пеларгониум – природно дејство врз бактериите

Две нови студии од 2019 година носат заклучок дека биоактивната компонента на лековитата билка Пеларгониум покажува антибактериски својства. Значајно е што студиите покажале ефикасно дејство на бактерии од клиничко значење. Поради неговото моќно антибактериско дејство можеме да кажеме дека пеларгониумот е природен антибиотик.

Интересно е што оваа убава цветна билка, пред да почне да се користи традиционално од 19 век за лечење на кашлица, настинка, иритација на горниот респираторен систем, туберкулоза, гастроинтестинален систем, векови наназад се користела во својата оригинална форма во Африка како состојка на многу природни лекови.

Како што е докажано во современите истражувања и клинички студии, пеларгониумот дејствува така што блокира врзување (адхезија) на бактериите во фаза на колонизација, преку блокада на протеините фибронектини. На тој начин тој спречува појава на бактериски инфекции на долните дишни патишта.

Антибактериско дејство покажува на Staphylococcus aureus, Streptococcus pneumonie, Proteus mirabilis, Pseudomonas aeruginosa, Haemophilus influenza, кои се чести предизвикатели на бактериски респираторни инфекции.

Примена на пеларгониумот кај деца

Viranto Forte со пеларгониумот како природен антибиотик во својот состав искажува моќно антибактериско дејство, спречува компликации на вирусни инфекции и појава на бактериски суперинфекции.

Благодарејќи на пеларгониумот, примената на Viranto Forte во првите денови на вирусната инфекција овозможува спроведување пристап“wait and see” бидејќи детето е заштитено од бактериски инфекции. На тој начин се избегнува непотребна употреба на антибиотици.

Viranto Forte спречува бактериска суперинфекција, а може да биде и многу корисен кај стрепрококни инфекции кои се повторуваат.
Студии:
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/31565469/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/31752295/

Вести