Лекови при патување – што се треба да имате при рака кога одите на пат

Семејните патувања на сите им се најдраги, бидејќи во текот на тие патувања родителите и децата имаат можност да поминат многу заедничко квалитетно време, да доживуваат заеднички авантури, големи и мали.

Лекови при патување – што се треба да имате при рака кога одите на пат

Меѓутоа, за да помине патувањето најдобро што може, морате да бидете спремни на различни ситуации, особено ако патувате со деца. Посебно внимание треба да обратите кога ја спремате патната аптека.

Дознајте што никако не би требало да заборавите да спакувате и зошто.

Лекови при патување против патничка дијареја

Патничката дијареја е една од најчестите тегоби на патувањата. Не дозволувајте да ви го расипе одморот – бидете спремни.

Probval choco е пробиотик во облик на чоколадни мечиња кои ги врзуваат патогените бактерии, ги елиминираат од цревата и спречуваат појава на така наречената патничка дијареја, која се јавува поради промена на вода, храна, санитарни и климатски услови на патувањата.

Поради пореметување на работата на дигестивниот тракт, се јавуваат болки и грчеви во стомакот пропратени со течна столица, а се тоа како последица на конзумирање на храна или вода која се разликува од онаа на која сте навикнати дома.

За да го избегнете пореметувањето на работата на стомакот, почнете на детето да бу давате пробиотик три дена пред патување. Секојдневната превенција продолжете ја во текот на целото патување, а завршете ја три дена по враќање од одмор.

Доколку во некој случај сепак дојде до дијареја, Rehydro Kids обезбедува едноставна, брза и успешна рехидратација и тоа благодарејќи на ефикасниот механизам за апсорпција на вода, гликоза и електролити. Така се намалуваат ризиците од компликација по дехидрација. ESPGHAN, Европското здружение на педијатри, гастроентеролози, хепатолози и нутриционисти, Светската здравствена организација (WHO) и UNICEF препорачуваат користење на раствор за орална рехидратација како прва терапија кога детето има дијареја.

Rehydro Kids има пријатен вкус на јагода, па децата со задоволство го пијат. Се раствора во 200 ml вода (може и флаширана) и многу лесно се применува.

Лекови при патување за зајакнување на имунитетот

Благодарејќи на клинички докажаниот механизам на дејство на својата главна состојка, екстрактот од плод од црн бозел, Bimunal го заштитува организмот од вирусни инфекции и го зајакнува имуниот систем.

Тој го блокира врзувањето на вирусите за клетките, како и репликацијата на вирусите доколку сепак вирусот навлегол во клетките, на тој начин спречувајќи вирусни инфекции. Екстрактот од плод од црн бозел овозможува поефикасен одговор на вирусната инфекција активирајќи го имуниот систем.

Прва помош во случај на повреда

Вашата патничка аптека би требало задолжително да содржи и се што е потребно за санирање на некои помали повреди. Поради тоа задолжително спакувајте: стерилен завој и газа, фластери, антисептични марамчиња, повидон јод.

Заштита на кожата на патување

Заштита од UV зрачење – Многу е важно да се заштитите од сонце каде и да одите на одмор, а задолжително ако патувате на море. Одберете препарати кои одговараат на детската кожа.

Имајте во предвид дека препаратите за заштита од сонце кои се нанесуваат на кожата ги блокираат сончевите зраци, па е оневозможен процесот на претворање  на неактивниот облик на витаминот D во активен D3.Доколку вашето дете е мало, продолжете со надополнување на овој витамин во комбинација со DHA омега-3 масните киселини со препаратот Babytol D3 + DHA Omega.

Заштита од инсекти – Во вашата патничка аптека, во зависност од дестинацијата и периодот на годината кога патувате, би можеле да се најдат препарати за заштита од убод од инсекти, како и препарати кои го ублажуваат непријатното чувство на местото на убодот од инсект.

Покачена температура при патување

За секој случај, во патничката аптека задолжително спакувајте и некој антипиретик, (парацетамол, бруфен), како и топломер.

Ако се појави зголемена температура поради вирусни инфекции таа е знак дека имуниот систем на детето работи и дека организмот се бори против инфекциите. Температурата токму поради тоа и расте.

Со намалување на температурата се дава знак на имуниот систем дека не треба да се бори. Поради тоа температурата не треба да ја намалувате додека не се качи до 38.5°C. За ублажување на симптомите на вирусната инфекција применете Bimunal.

Алергија на полен на одмор

Алергискиот ринитис се јавува во време на размножување на растенијата и освен што настануваат различни непријатности, на многумина го отежнува и дишењето. Поради тоа задолжително земете со себе лекови за алергија кои ги користите, како и средство за одзатнување на нос.

Spiranto фластерот за инхалација содржи етерични масла од лаванда, нане и еукалиптус кои на природен начин го олеснуваат дишењето и ги ублажуваат сите тегоби кои се јавуваат поради алергија: затнат нос, постојано течење на носот, кивање, поткашлување, потечени, солзави и осетливи очи кои чешаат, чешање во грло.

Со желба во добро здравје и убаво време да го поминете одморот, ви посакуваме среќен пат!

Вести