Како се зема пробиотик кај патничка дијареја

Пробиотиците придонесуваат за здравје на органите за варење и правилна работа на имуниот систем. Тие содржат живи бактерии, кои ги нарекуваме “добри бактерии”, кои се инаку природни жители на цревниот тракт.

Како се зема пробиотик кај патничка дијареја

Примена на пробиотици се препорачува како додаток на неурамнотежена исхрана, при терапија со антибиотици, за обновување на цревната флора по завршување на терапија со  антибиотици, за превенција и терапија на патничка дијареја.

Со своето дејство пробиотиците го зголемуваат бројот на добрите микроби во цревата, го одржуваат здравјето на микрофлората, го стимулираат имуниот систем и спречуваат населување на патогени.

Како се зема пробиотик на патување – превенција

На патувањата често доаѓа до стомачни тегоби и појава на дијареја. Причина за тоа е промената на санитарни и климатски услови, како и вода и храна од различен состав.

Под патничка дијареја се подразбира пореметување на работата на дигестивниот тракт по што доаѓа до болки и грчеви во стомакот пропратени со течна и зачестена столица.

Малите деца се многу чувствителни и подложни на патничка дијареја, бидејќи сеуште немаат потполно развиен имунитет, па нивното стомаче најчесто реагира кога ќе се најдат во климатски и/или санитарни услови на кои не се навикнати.

За да не дојде до пореметување на работата на чувствителните стомачиња, почнете да му давате на детето пробиотик три дена пред патување. Секојдневната терапија со пробиотик продолжете ја во текот на целото патување и завршете ја три дена по враќањето од одмор.

Што ако сепак дојде до патничка дијареја

Доколку сепак дојде до појава на дијареја, задолжително продолжете со примена на пробиотик.

Освен млечно киселинските бактерии Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium lactis кои се природни жители на детскиот цревен тракт, а воедно и најдобро испитани пробиотски бактерии,  Probival choco содржи и пребиотик, цинк и витамин Ц, поради што неговото дејство е уште по ефикасно.

Кога детето има дијареја, според европските и националните препораки се советува задолжителна орална рехидратација, за надополнување на енергија, односно течности и електролити – натриум, калиум и хлор. Електролитите се многу важни бидејќи во организмот обезбедуваат рамнотежа на распределбата на вода, како и правилно одвивање на биохемиските процеси.

Вести