Како да го одзатнете носот?

Кога е носот затнат, тоа не е ни малку пријатно. Поради затнатиот нос тешко дишете и смешно зборувате, а кога ќе пробате да го издувате, често во шамивчето ништо не излегува. Како да го одзатнете носот?

Како да го одзатнете носот?

Со децата е многу по комплицирано. Поради непријатноста тие стануваат плачливи и раздразнети што станува поголем проблем. Затнатиот нос кај децата е пречка за нормален сон, но и за редовен внес на течности, бидејќи го отежнува голтањето. Дополнително, малите деца не смеат да ги користат сите медикаменти, бидејќи не се соодветни за нив. Поради тоа родителите се посебно загрижени, бидејќи се плашат дека нема да можат да им помогнат на своите малечки.

Што се случува во носот кога е затнат

Носот може да биде затнат поради насобраниот мукус кој ги блокира дишните патишта и го отежнува дишењето. До насобирање на густиот мукус најчесто доаѓа по вирусните респираторни инфекции.

Иако понекогаш нема мукус, носот сепак може да биде затнат. Причина за тоа се и воспалените отечени крвни садови во синусите, поради што дишните патишта се помалку проодни, па носот е затнат. Причина за тоа најчесто се алергиите и синузитис (инфекција на синусите).

Како да го одзатнете носот природно

Постојат природни начини за да го одзатнете носот. Некој од нив, како природните инхалации се многу пријатни и потполно безбедни како за децата, така и за возрасните.

Инхалацијата со етерични масла од лаванда, нане и еукалиптус е еден од најефикасните начини за олеснување на дишењето, кога е во прашање затнат нос. Инхалацијата со овие етерични масла е најделотворно кога таа се применува истовремено.

Многу успешно го одзатнуваат носот за време на вирусни инфекции, синузитис, алергиски ринитис. Дополнително, инхалацијата ги намалува симптомите на течење на носот, болно грло и кашлица.

Етеричното масло од еукалиптус успешно го одзатнува носот, а дополнително ја ублажува главоболката. Освен тоа, го стимулира искашлувањето и делува како јак антивиротик, противвоспалително.

Етеричносто масло од нане се користи како лек од многу одамна. Многу е делотворно во терапија на затнат нос и искашлување. Нането помага во опуштање на мускулите, намалува главоболки, кашлица, напнатост и истоштеност. Многу често се користи за редуцирање на симптомите на алергија.

Етеричното масло од лаванда освен што го одзатнува носот, многу успешно ја смирува и кашлицата.Се одликува со моќно антибактериско и антивирусно дејство. Со своето смирувачно дејство, благотворно делува на квалитетот на сонот, нервите и мускулниот систем. Лавандата уште спречува и појава на инфекции на кожата и слузокожата и ја забрзува регенерацијата на ткивата.

Како да го одзатнете носот без капки

Терапијата со етерични масла во облик на природна инхалација може да се примени многу едноставно, со помош на практичниот и едноставен фластер Spiranto, кој содржи масло од еукалиптус, нане и лаванда.

Ваква терапија е посебно практична за примена кај деца, но и кај возрасни, бидејќи не е потребно задржување на едно место поради инхалации. Фластерот едноставно се лепи за гардероба или пижама во текот на ноќта, а неговото дејство трае дури 8 часа.

Вирусна инфекција и затнат нос

Еден од најчестите и скоро неизоставен симптом на вирусните респираторни инфекции е затнат нос.

Бидејќи постојат многу вируси, децата кои немаат доволно развиен имунитет, а престојуваат во колектив како градинка, школо, дневен престој, многу лесно се заразуваат. Се почесто се јавуваат и нови вируси кои предизвикуваат респираторни тегоби.

Алергија и затнат нос

Алергискиот ринитис најчесто се јавува во текот на сезоната кога цветаат дрвата, трева и коров, но него може да го предизвикаат и други алергени – влакна од куче или маче, домашна прашина, грини…

Најчесто се развива неколку години по изложеност на алергени. Затнатиот нос е еден од најизразените симптоми, покрај останатите: кивање, нос кој постојано тече, чешање во грло, поткашлување, насолзени, отечени и осетливи очи.

Корисни совети – како да го одзатнете носот

Подигнете ја подлогата на главата за спиење. Кога ви е затнат носот, најдобро е да спиете на подигната подлога. На тој начин полесно се ослободува мукусот, особено од синусите, па и дишењето ќе биде полесно. Подлогата не ја подигнувајте на бебиња.

Земајте течности. Редовниот внес на течности помага во разложувањето и исфрлањето на густиот мукус кој се насобрал во носот.

Редовно чистете го и празнете го носот. Ако вашето дете е доволно големо, пробајте да го научите како да го издува носот.

Инхалирајте со етерични масла од еукалиптус, нане и лаванда. Spiranto фластерите се многу практични и едноставни за примена. Безбедни се за сите деца кои се постари од две години.

Вести