ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА
КОИ СЕ ДНЕВНИТЕ ПОТРЕБИ ЗА DHA?

После шестиот месец и самото мајчино млеко повеќе НЕ ги задоволува енергетските и нутритивните потреби на доенчето. НЕ ги задоволува ни потребите за омега -3 масните киселини (DHA). ПОТРЕБНО е да се воведе прихранување и дополнување со омега-3 масни киселини во исхраната.

ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА – КОИ СЕ ДНЕВНИТЕ ПОТРЕБИ ЗА DHA?

Препорачаното  внесување на риба за деца, за да се обезбеди дневна потреба на DHA,во зависност од возраста е од 100 до 150 грама риба неделно.

Доколку не се воведе риба во исхраната еднаш неделно, потребна е суплементација од 100 mg DHA дневно.

ПРОВЕРЕНА КЛИНИЧКА ЕФИКАСНОСТ- DHA ИМА ВЛИЈАНИЕ НА РАЗВОЈОТ НА ВИДОТ И ФУНКЦИЈАТА НА ОКОТО!

Клинички е докажано дека DHA,како главна структурна компонента на видот влијае на развојот на видот, острината на видот и функцијата на окото. Врз основа на клинички докази Европската агенција за безбедност на храна потврдила и препорачала примена на 100 mg DHA дневно до крајот на првата година од животот.

Вести