КАКО БЕБИЊАТА ЈА ОБЕЗБЕДУВААТ ДНЕВНАТА ПОТРЕБА НА DHA ЗА ЗДРАВ РАЗВОЈ?

Омега-3 масните киселини се незаситени масни киселини, добри масни киселини кои уште се викаат и семиесенцијални масни киселини, бидејќи мораат да се внесат со храна - нашиот организам не ги синтетизира.

КАКО БЕБИЊАТА ЈА ОБЕЗБЕДУВААТ ДНЕВНАТА ПОТРЕБА НА DHA ЗА ЗДРАВ РАЗВОЈ?

Омега -3 масните киселини DHA природно ги има во мајчиното млеко, доколку мајката јаде риба богата со омега – 3 масни киселини.

Сините(масни риби) се богати со омега -3 масни киселини.

Мајката за да ги обезбеди потребните дневни количини DHA на своето бебе,потребно е во исхраната неделно да има два до три оброци масни риби (лосос, туна, харинга)– од 250  до 350 g неделно.

Имајќи предвид дека  во исхраната во Европа, посебно во континенталните предели не користат риба (барем не оваа масна риба), како и поради ограничувањата во исхраната на трудниците и доилките како последица на загаденоста на морињата и океаните со тешки метали, мајчиното млеко не содржи доволни количества на DHA.

Во Европа се препорачува суплементација од  100 mg DHA дневно, од раѓањето па до крајот на третата  година. Ова врз база на медицински докази го потврдила и Европската агенција за безбедност на храна.

Поголем број  луѓе веруваат дека рибите се главен извор на омега -3 масни киселини. Всушност, рибите се хранат со алги и планктони и на тој начин обезбедуваат омега-3 масни киселини.

Најбогат  и најчист извор на DHA се микроалгите – природен извор со висока концентрација. Тие содржат триесет пати повисока концентрација на DHA во споредба со рибиното масло!

Маслото од микроалги во производот Babytol DHA омега е со највисок квалитет и чистота, потполно безбеден за употреба кај новороденчињата, што е потврдено и од Европската агенција за безбедност на храна.

Вести