Зошто е погрешна и штетна употребата на антибиотици кај вирусни воспаленија?

Бактериите и вирусите се толку различни што често, преку шега,се вели дека бактериите имаат повеќе сличности со луѓето, отколку со кој било вирус. Во однос на вирусите,бактериите се прави грдотии.

Вести

Зошто е погрешна и штетна употребата на антибиотици кај вирусни воспаленија?

Бактериите и вирусите се толку различни што често, преку шега,се вели дека бактериите имаат повеќе сличности со луѓето,отколку со кој било вирус. Во однос на вирусите, бактериите се прави грдотии. Можат да бидат и до 10.000 пати поголеми, но тоа нам и не ни е многу важно бидејќи во микросветот и едните и другите се толку ситни, што не ги гледаме со голо око. За нивниот изглед можеме само да нагодуваме и да ги замислуваме врз основа на слика. Единствен начин да ги видиме е само со помош на микроскоп. Тогаш ни станува јасно дека станува збор за различни ситни организми.

Бактеријата е минијатурно живо суштество. Има клеточен ѕид,способна е да се дели и самостојно да живее, додека за вирусот е тешко да се каже дека е воопшто жив – нема клетки, не може да се храни и да расте. Тоа е, всушност, неподвижна честичка која содржи само нуклеинска киселина со протеинска обвивка и сé што може да направи е да се пробие во клетките на другите живи суштества и да ја преземе контролата над нив. Така, нападнатите клетки стануваат машина за размножување на вирусите.

Така настанува вирусна инфекција чии симптоми често се слични на оние кои прават бактериски инфекции. Но, бидејќи се лекуваат различно, исклучително е важно лекарот да утврди дали организмот е нападнат од вирус или бактерија. За вирус најчесто се советува многу течности, мирување и зајакнување на организмот со природни суплементи, додека за бактериските инфекции треба да биде одреден и соодветен лек – антибиотик.

Антибиотик немоќен пред вирусот

Антибиотикот не дејствува на вирусните инфекции од едноставна причина – што антибиотикот на вирусите не им може ништо. Тој лек ги убива бактериите, но не и вирусите. И ако го земаме кога имаме вирусна инфекција правиме повеќе штета отколку што имаме корист, бидејќи антибиотикот ги уништува и добрите бактерии кои придонесуваат за нашиот имунитет. Дополнително, антибиотикот ќе ја уништи и нашата прва одбрана од инфекции – неутрофилите.

Затоа е важно да се биде внимателен со антибиотиците и да не се земаат кога тоа не е оправдано. Нарушувањето на природниот баланс на добрите бактерии во организмот води до ослабување на имунитетот. Имунитетот се ослабува и со уништување на првиот одбранбен систем на организмот – неутрофилите.

Прекумерна употреба на антибиотици за вирусни инфекции

Одредени лекари лесно препишуваат антибиотици и за лекување на инфекции кои се предизвикани од вируси. Европското истражување за потрошувачка на антибиотици (ESAC Проект) покажало дека 80 % од сите антибиотици се даваат за лекување на горните дишни патишта, а познато е дека дури 85 % од таквите инфекции се предизвикани од вируси, а не од бактерии. Бројни се причините за тоа – од притисок на родителите кои инсистираат на антибиотици и попуштањето на лекарите, до преоптовараност на лекарите и недостапност на лабораториите.

Сé уште е често и земањето антибиотик „на своја рака“, штом се појави висока температура. Тоа е повеќекратно лошо, не само поради резистенција, туку и поради тоа што, ако е во прашање вирус – инфекцијата нема да помине, болните и понатаму нема да се чувствуваат подобро, а за сите околу себе ќе биде заразен.

 Заедно со тоа, антибиотикот со уништување на добрите бактерии и првата одбранбена снага (неутрофили) во телото ќе го ослаби и имунолошкиот систем и ќе доведе до низа други заболувања.

Црн бозел против вируси

Во борбата против вирусите постојат два вида на лек – антивиротици и вакцини.

Со вакцините превентивно се создава имунитет на одредени вируси додека, пак, антивиротиците сé уште се едно големо неистражено поле, каде што и понатаму се чека некое епохално откритие како што беше откритието на penicillin во борбата против бактериите. Додека антибиотикот ги убива бактериите, антивиротикот не може да уништи вирус туку само го инхибира неговиот развој. Најпознатите антивиротици се користат за лекување на HIV инфекцијата. За стотина други вируси со кои секојдневно се среќаваме, пред сé, респираторни, нема подобра одбрана од имунолошкиот систем бидејќи тој го препознава вирусот како надворешно тело и создава антитела кои го онеспособуваат. Затоа е важно да се остави имунолошкиот систем со натрапникот во клетките. Се препорачува и користење на природни супстанци кои имаат антивирусни дејства. Така, на пример, познато е дека плодот од црн бозел содржи антоцијан. Тоа се антиоксиданси кои ја штитат клетката од слободни радикали и го поддржуваат имунолошкиот систем. Црниот бозел директно дејствува на вирусот – ја ослабува неговата моќ на репликација и го убива вирусот.