Здрава исхрана за деца

Дете кое се храни здраво е здраво дете. Тоа го знае секој родител. Исто така, родителите знаат дека денес, иако живееме во време на изобилие кога е храната во прашање, потешко е од кога било во минатото да се организира и да се обезбеди здрава исхрана за деца.

Здрава исхрана за деца

Дознајте зошто е тоа така и што може да се направи за вашето дете да се храни здраво.

Времето на индустријализација донесе бројни промени во човековото секојдневие. Многу од вработените луѓе се помалку време поминуваат дома. Родителите се на работа, децата во школо и во градинка. Идеалот за заеднички ручек ретко кога е остварлив, а на многу семејства им е недостижен.

Се помалку се јаде здрава храна, а се повеќе се конзумира индустриски преработена храна. Покрај тоа, начините на кои се преработува храната се променија, а се со цел полесно и побрзо да се подготви дома. Храната која е достапна во супермаркетите е често полуподготвена, “збогатена” со различни додатоци, вештачки конзерванси, емулгатори…

Дополнителни фактори кои влијаат на исхраната на децата се исто така последица на современиот живот. Тоа се: вклопување во социјалното опкружување, недостаток на време, недостаток на пари, стрес…

Здрава храна за деца

Исхраната во текот на детството, покрај тоа што влијае на здравиот раст и развој на детето, може да биде и важен фактор кој го намалува ризикот за појава на болести во возрасната доба.

За да му овозможите на своето дете здраво да се храни потребно е да го охрабрите во тоа, а со изборот на намирници кои ги купувате, да му овозможите здрав избор. Еве некои довети:

Фокусирајте се на комплетна исхрана, а не на специфична храна. Храната која доминира во чиниите би требало да биде минимално индустриски преработена и во што е можно повеќе природна состојба. Избегнувајте преработени, запакувани намирници.

Бидете пример на своето дете. Детето има многу силен импулс да имитира, па не барајте од него да јаде зеленчук, доколку вие јадете чипс или помфрит.

Разговарајте со детето за вкусот на здравата храна. Чинијата со шницла, дополнете ја со зеленчук, моркови во пирето од компир или печена јаболка како замена за индустриски слатки. Разговарајте за разликата во вкусот и истакнете ги предностите на здравата храна.

Вклучете го детето во купувањето и подготовката на храна. Додека купувате, можете со него да разговарате за начинот на кој ги одбирате намирниците и за важните податоци на налепниците на производите.

Купувајте од малите домашни произведувачи. На пазарите одберете тезга на која се продаваат производи од фирми и од самиот произведувач. На тој начин на лице место може да се распраша за самиот производ, како и за начинот на кој е произведен.

Ограничете ја големината на порцијата и не инсистирајте детето да изеде се од чинијата. Никогаш немојте да ја користите храната за да го подмитите детето или да го наградите.

Здрава ужинка за деца

За да избегнете купување во пекара, подготвоте ужинка за во школо од дома. Пример за добра школска ужинка е сендвич со леб од р`жано брашно, путер, домашна печеница и зелена салата. Со сендвичот, на детето спакувајте му и овошје.

Здрава храна дома за деца

Подготвувајте храна дома. Храната во рестораните, особено во оние кои служат брза храна, содржи доста шеќери и нездрави маснотии. Гответе со децата. Децата особено ќе ја јадат храната во чиј процес на подготовка и самите учествувале. Додека заедно готвите, разговарајте за предностите на здравата храна. Препуштете им на децата да донесат некои одлуки. На пример, дали морковите ќе ги исечат на кругчиња или коцки.

Обидете се да реализирате барем еден заеднички семеен оброк во текот на денот. Кога е целото семејство заедно, децата имаат прилика од останатите членови за ги усвојуваат здравите навики за исхрана.

 Останете здрави

Многу е тешко да се внесат сите хранливи материи преку секојдневна исхрана. Доколку земеме во предвид дека денеска децата не се хранат така што исхраната ќе им обезбеди избалансиран внес на неопходните нутритиенти, како одличен додаток на исхрана се препорачуваат суплементи.

Пробиотиците содржат “добри бактерии” кои се природни жители на цревниот тракт. Тие допринесуваат за здравје на органите за варење и правилна работа на имунолошкиот систем. Пробиотиците се препорачуваат како додаток на неурамнотежената исхрана, со терапија со антибиотик, за обновување на цревната флора по употреба на антибиотик, за превенција и терапија на патничка дијареја. Препорачуваме Probival choco кој го зголемува бројот на добри микроби во цревата, одржува здравје на микрофлората, го стимулира имунолошкиот систем и спречува населување на патогени.

Омега-3 масните киселини влијаат на правилниот развој и функција на мозокот и централниот нервен систем, очите и функцијата на видот. Исто така, омега-3 масните киселини го поттикнуваат имунитетот и отпорноста на алергии и го намалуваат ризикот за развој на кардиоваскуларни заболувања и дебелеење. MegaKid Krill содржи омега-3 масни киселини со единствени, здрави компоненти, неопходни за здрав раст и развој на децата.

За зајакнување на имунитетот, здравата исхрана е исто така неопходна. Како додаток на исхраната се препорачува Bimunal, бидејќи во својот состав има екстракт од плод од црн бозел и цинк, многу делотворни супстанци за зајакнување на имунитетот. Со секојдневна примена се обезбедува концентрација на активните состојки на плодот од црн бозел, кој го заштитува организмот од дејствувањето на вирусите.

Вести