Цврста столица
Затвор кај деца

Затвор кај деца е вообичаена и честа појава. Тегобите кои се јавуваат се манифестираат како отежнато празнење на цревата, а до нив доаѓа најчесто поради исхрана, промена во составот на цревната флора, поради преминување од пелени на гаќички и сл. Дознајте како можете да му помогнете на детето.

Цврста столица – Затвор кај деца

Кога детето има затвор (констипација), столицата е многу сува и тврда, па тоа го отежнува редовното празнење на цревата. Детето е, поради тегобите кои ги трпи нервозно и раздразливо, што понекогаш го отежнува решавањето на овој, претежно беззначаен и минлив проблем.

Симптоми на цврста столица, затвор кај деца

Симптоми кои укажуваат дека детето има затвор се следните:

 Поради што доаѓа до затвор кај деца

Столицата станува премногу исушена и тврда кога предолго и премногу споро се движи преку дигестивниот тракт, односно кога детето нема да ја исфрли на време. Разновидни се факторите кои можат да влијаат и да допринесат за појава на затвор кај деца. Тоа може да биде начинот на исхрана, но и одложување на одење во тоалет. Некои деца се повеќе подложни поради генетски предиспозиции, а некои деца поради употребата на некои лекови.

Факторите често дејствуваат здружено и така допринесуваат за појава на затвор кај деца.

Одложувањето на одење во тоалет и цврста столица, затвор кај деца

Детето го одложува одењето во тоалет поради игра. Мало дете не сака да ја прекине играта за да оди во тоалет. Некои деца го одложуваат одењето во тоалет доколку не се дома, односно доколку мораат да користат некој друг тоалет.

Здравата исхрана е важна

Исхраната која е сиромашна со пробиотски култури и влакна може да ја успори работата на цревата и постепено да доведе до констипација. Поради тоа децата треба редовно да конзумираат јогурт, кефир, зеленчук и овошје.

Probival choco во случај на затвор ја обновува цревната флора со пробиотски бактерии и на тој начин допринесува за воспоставување на нормална работа на стомакот. Покрај пробиотикот, Probival choco содржи и билно влакно инулин, кој поттикнува активност на добрите бактерии и нормализација на работата на цревата и варењето.

Животни промени и искуства

Доколку детето веќе имало тврда столица, може поради тоа да се воздржува, за да избегне болки при празнење.

Периодот кога детето преминува од пелени на гаќички може да се поклопи со периодот на психофизички развој кога детето столицата ја доживува како нешто свое, па не сака да ја испушти во гаќичките. Повеќедневното одложување многу често доведува до затвор. Доколку родителите со сила го тераат детето да користи гаќички, тоа може да го влоши проблемот.

Доколку детето тешко поднесува промени, тогаш случувањата како на пример преселување или поаѓање во градинка можат да допринесат за појава на затвор.


Здравствени состојби и влијание на констипација

Некои лекови како антибиотик, може да причинат појава на констипација. Примената на пробиотик со антибиотик ја намалува можноста за појава на дијареја, но и затвор.

Доколку детето има алергија на кравјо млеко или некој друг млечен производ, тоа може да влијае на работата на дигестивниот тракт.

Генетската предиспозиција исто така игра една од улогите кога зборуваме за факторите. Значи, ако и родителите имаат проблем со констипација, поголема е можноста дека и детето ќе го има истото.

Многу ретко, затворот може да биде последица на некоја здравствена состојба или болест.

Како да се помогне на детето

Ако детето често има потешкотии со празнење на цревата, придржувајте се на следните совети:

Дали знаете?