Дислексија и омега-3 (EPA и DHA) и GLA
со значајни резултати во терапијата

Во двојно слепа контролирана студија во Англија учествувале 29 деца, со примарна дијагноза дислексија, и секундарна дијагноза ADHD-тип на симптоми (симптоми како ADHD).

Вести

Дислексија и омега-3 (EPA и  DHA) и GLA – со значајни резултати во терапијата

Половина од децата добивале суплемент омега-3 и GLA, во комбинација, во доза од 480 mg DHA и 96 mg  GLA. Другата половина на деца добивала плацебо-маслиново масло.

Испитувањето траело три месеци.

Резултатите по три месеци биле исклучително значајни. Во однос на групата на деца која примала плацебо-маслиново масло, комбинацијата од омега-3 и GLA резултирала со значително поголем позитивен ефект на симптомите како намалена концентрација(невнимание), тешкотии, повлеченост и пречки во однесувањето.

Richardson AJ & Puri BK.. Prog Neuropsychopharmacol Biol Psychiatry. 2002