Витамин D3 – дали е неопходна суплементација во текот на летото?

Во текот на летото децата добиваат сосема доволна суплементација на витамин D3 преку храна и изложување на сонце, зар не? Тоа и не е потполно точно. Дознајте зошто.

Витамин D3 – дали е неопходна суплементација во текот на летото?

Витаминот D3 е неопходен на децата за здрав развој и цврсти и јаки коски и забчиња, но добар е и за имунитет и одбрана од болести. За детето во текот на денот да ја внесе препорачаната доза од 400 IU од витаминот D3 преку храна, храната која би требало да ја изеде е:

Бидејќи тоа е скоро невозможно, родителите ги радува фактот дека витаминот D станува активен со изложување на сонце, а не само по пат на храна. Всушност, под влијание на сончевите зраци, неактивниот облик на витамин D, преминува во активен – витамин D3.

Меѓутоа, запознаени со штетноста на изложувањето на сонце на нежната детска кожа и свесни за ризикот од оштетување и појава на канцерогени појави на кожата, родителите оправдано, ретко кога ги изложуваат децата на сончеви зраци без заштита.

Бидејќи заштитните креми и лосиони ги блокираат сончевите зраци и на тој начин го редуцираат преминувањето на наеактивниот облик на витамин D во активен D3 и со тоа се оневозможува снабдувањето со овој витамин. Исто така е познато дека заштитниот фактор 8 (SPF 8) ја редуцира продукцијата на витамин D за 95%, а заштитниот фактор 15 (SPF 15), за дури 99%.

Токму поради тоа примената на суплементи кои содржи витамин D3 се препорачува кај деца во развој и во текот на летните месеци.

Редовниот внес на витамин D3 во комбинација со 100 mg DHA омега-3 масни киселини преку препаратот Babytol D3 + DHA Omega, освен што го помага здравиот раст и развој, го намалува ризикот за појава на алергии, дебелеење, кардиоваскуларни и други заболувања во текот на растењето но и во подоцната животна доба, покажаа студиите.

Вести